Актерката Локлин пуштена од затвор по лажното запишување на ќерките на универзитет

Американската актерка Лори Ен Локлин во понеделникот е пуштена од затвор по двомесечната казна поради учество во измама со која се обезбедувале места на престижни универзтети за привилегираните деца, соопштија американскиет власти.

Сега 56-годишната актерка, позната по улогата на тетката Бети во хит серијата „Полна куќа“ од 1980-те и 1990-те години, почна да ја отслужува казната на 30-ти октомври во сојузниот затвор во Даблин, гратче близу Сан Франциско.

Актерката Фелисити Хофман од „Очајни домаќинки“, исто така, беше во овој затвор поради истата измама, а беше пуштена на слобода кон крајот на октомври 2019 година, откако одлежа 11 дена од двете седмици одредената казна.

Локлин и нејзиниот сопруг, дизајнерот Мосимо Џанули, беа меѓу педесетината лица осуден за истата измама.

Двојката призна дека платила 500.000 долари за нивните две ќерки да бидат примени на Универзитот на Јужна Каролина како членки на веслачки тим, иако никогаш не се занимавале со веслање.

Обвинителите 57-годишниот Џанули го опишаа како поактивен во оваа измама од својата сопруга. Тој доби пет месеци затвор, казна од 250.000 долари и мора да одработи 250 часа општествено полезна работа. Казната започна да ја извршува на 19-ти ноември во затворот Ломпок близу Санта Барбара во Калифорнија.

Клучен човек во измамите бил Вилијам „Рик“ Сингер за кого властите сметаат дека платил 25 милиони долари на тренери и вработени на американските универзитети. Пресудата за него се очекува следната година.