Актерката Маргот Кидер се самоубила, покажала обдукцијата

Смртта на холивудската актерка Маргот Кидер (69), најпозната по улогата на новинарката Луис Лејн од филмовите за „Супермен“ официјално е прогласена за самоубиство, покажале резултатите од обдукцијата.

Кидер беше пронајдена мртва во својот дом во Монтана на 13 мај годинава. Тогаш менаџерката на Кидер изјави дека актерката почнала мирно, во сон.

Нејзината ќерка, Меги МекГуан, изјави деке соопштението на патолозите е големо олеснување оти вистината излегла на виделина.

Важно е да бидете отворени и чесни, па тогаш нема да има ниту трошка срам во справувањето со вакви работи,рече МекГуан.

Во соопштението објавено од патологот, Ричард Вуд актерката починала откако зела преголема доза на дрога и алкохол. Други детали нема да бидат објавени.

Кидер поголем дел од животот имала ментални проблеми, особено по автомобилската несреќа во 1990 година, по која две години помина во инвалидска количка.