Актерот Џереми Ренер се огласи од болница по тешката повреда

Актерот Џереми Ренер на Нова година доживеа тешка несреќа по што со хеликоптер беше пренесен во болница.

Тој вчера првпат се огласи преку социјалните мрежи и се заблагодари за поддршката.

-Им благодарам на сите за убавите зборови. Сега сум премногу збунет за да куцам, но ви испраќам љубов на сите, напиша актерот и постави фотографија од болничкиот кревет.

Коментарите се редеа, а брзо заздравување му посакаа и голем број колеги.

Инаку постојано се појавуваат нови детали за несреќата на актерот. Според последните информации кои ги објави Дејли Мејл, Џереми се обидел да му помогне на возачот на машината за чистење снег кој заглавив, по што бил повреден, односно прегазен од возилото.

Актерот доби сериозни повреди на градниот кош и нозете и беше во критична состојба. Извор близок на актерот на Си-Ен-Ен открил дека Џереми досега имал 2 операции со кои се санирале повредите кои биле многу сериозни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)