Актерот Марк Блум почина од коронавирус

Американскиот актер Марк Блум, кој се прослави со улогите во филмовите „Очајно трагајќи по Сузан“(Desperately Seeking Susan, од 1985 година) и „Крокодилот Данди“ (Crocodile Dundee, од 1986-та), почина во 70-та година од животот од компликации предизвикани од заразата со новиот тип коронавирус, соопшти во четвртокот на својот акаунт на Twitter њујоршкиот театат „Playwrights Horizons“.

„Playwrights Horizons му одаваат почит на Марк Блум, драгиот стар пријател и брилијантен актер кој почина оваа седмица“, се наведува во објавата.

Според интернет таблоидот TMZ, кој се повикува на болнички извори, Блум починал од комликациите предизвикани од коронавирусот. Сепак, обично добро информираниот портал, не донесува повеќе поединости за смртта на актерот.

Блум е роден во сојузната држава Њу Џерси во 1950 година. Кариерата ја започнал како театрарски актер, кој подоцна снима филмови а настапуваше и во телевизиски серии. Блум се појавуваше во епизоди од серијалите како „Сопранови“ (Sopranos, од 1999 до 2007-та) и „СиЕсАј Мајами“ (CSI: Miami, 2002-2012).

Блум последните години работеше на теелвизиските серии, а меѓу неговите последни проекти беа „Billions“, „Almost Family“ и „Succession“. Исто така, се појави во улогата на Мистер Муни во серијга „You“ во продукција на Netflix.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.