Актерот Жерар Депардје обвинет за силување колешка

Познатиот француски актер Жерар Депардје (72) е обвинет за силување и сексуално насилство што наводно го извршил врз млада актерка во летото 2018 година, но тој ги негираше наводите.

Девојката го пријавила случајот во полиција во 2018 година, велејќи дека и претходно била силувана, во два наврати тоа се случило во куќата на Депардје во Париз, објави Хафингтон пост.

Обвинителот тогаш ја затворил истрагата, но летото 2020 година, девојката успеала повторно да ја започне постапката