Активен еден пожар во охридско, изгаснати 20 пожари во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК), информира дека утрово има еден активен пожар. Во последното деноноќие изгаснати биле 20 пожари.

Активен е шумскиот пожар во охридско, помеѓу селата Вапила и Расино. Гори деградирана шума, досега се опожарени околу 12 хектари површина.

-Противпожарната единица Охрид и денес е на терен со 1 возило и 6 пожарникари. Од утрово од 05,00 часот на терен се вкупно околу 50 луѓе. Пожарот гори на три страни и се прават напори за негово обиколување, но поради тешкиот терен гасењето оди отежнато, велат од ЦУК.

Во однос на изгаснатите 20 пожари, се интервенирало на неколку локации во струмичко, скопско, кумановско, Градско, Теарце, Свети Николе, кичевско, битолско, Старо Нагоричане, Крива Паланка..