Активисти ги обвинија САД дека тајно распоредиле нуклеарни боеви глави во Европа

Соединетите држави распоредиле околу 150 нуклеарни боеви полнења во своите воздухопловни бази во Европа без никакви официјални известувања за јавноста, изјави Алиша Сандерс-Закре, коориднаторка за политики и истражувања во невладината активистичка организација Меѓународна кампања за укинување на нуклеарното оружје (International Campaign to Abolish Nuclear Weapons – ICAN).

Како што изјавила Сандерс-Закре на брифингот со новинарите акредитирани во Обединетите нации од сродната организација ACANU, нуклеарните бовеви полнења биле распоредени во американските бази во Германија, Белгија, Холандија, Турција и Италија. Од порано беше познато дека нуклеарните боеви глави и бомби се распоредени во Германија, Италија и Турција.

Руската воена интервенција во Украина ја предизвика најголемата конфронтација меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година, кога двете суперсили од периодот на идеолошката блоковска Студена војна најмногу се приближија до нуклеарната војна.

Според западните процени, Русија поседува околу 2.000 парчиња тактичко нуклеарно оружје во функција, додека САД имаат околу 200, од кои половината се распоредени во базите во Италија, Германија, Турција, Белгија и Холандија.

Ланскиот октомви американскиот весник Politico објави дека САД на состанокот на НАТО зад затворени врати информирале дека ќе го распоредувањето на модернизираната верзија на бомбата B61 – B61-12 на која се работело последните години и чинела околу 10 милијарди долари, и дека новото нуклеарно оружје ќе биде распоредени во базите во Европа во декември, неколку месеци пред планираното.

Сега од ICAN тврдат дека тоа биле сторено без никаква транспарентност.

„Според процените на независните експерти, околу 150 боеви глави се распоредени во американските воздухопловни бази во споменатите земји“, изјавила Сандерс-Закре.

Додала дека во ICAN се длабоко загрижени за распоредувањето на овој тип вооружување во која и да е европска земја, вклучително и руското во соседна Белорусија што претставува првпат руско нуклеарно оружје да се разместува надвор од границите на земјата по распадот на поранешниот Советски сојуз во 1990 година. Сандерс-Закре потсетика притоа на Кубанската ракетна криза и оценила дека таквите активности претставуваат потенцијална активирачка точка, којашто го зголемува ризикот од нуклеарна војна.

Како што истакнала Сандер-Закре, во сегашната тензична и сложена ситуација поради војната во Украина, европските земји покажуваат отворено лицемерие кога го повикуваат целиот свет на транспарентност во однос на нуклеарното оружје.

„Затоа е исклучително важно да обратиме внимание на инструментите со кои располагаме за да ја подобриме оваа транспарентност и да ги поставиме прашањата: што со овие бомби и каде тие се наоѓаат?“, истакнала Сандерс-Закре.

ICAN е меѓинародна општествена организација, основана во 2007 година, а нејзината цел е да го поттикнвуа усвојувањето и спроведувањето на Договорот за забрана на нуклеарното оружје во кој последните години последователно своето учество го суспендираа и САД и Русија. Во 2017 година организацијата ја доби Нобеловата награда за мир.

Откако поранешната британска министерка Лиз Трас ланската пролет прва во контекстот на руската инвазија во Украина го спомена користењето на нуклеарното оружје, во прв ред тактичкото, руските функционери порачаа дека Русија има право да го употреби тој вид оружје доколку биде загрозен нејзиниот територијален суверенитет и интегритет. Тоа на Западот беше протолкувано како закана од Москва дека може да го употреби нуклеарното оружке, иако американските разузнавачки агенции повеќепати изјавија дека нема знаци дека руската страна има такви намери.

Во март годинава рускиот претседател Владимир Путин објави дека Москва и Минск се договориле да распоредат тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Како што објасни тогаш, причина за таквиот чекор е изјавата на Велика Британија за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум. Путин истакна дека потегот на Москва не ги прекршува меѓународните обврски, бидејќи Русија не го пренесува својот арсенал на соседната земја, туку „го прави она што САД го прават со децении“, односно го стационира стратешкото вооружување под нејзина контрола.

Од своја страна, пак, западните критичари на оваа мерка на Русија го премолчија прашањето со складирањето на американското нуклеарно оружје во Германија. Официјално, германските власти не го коментираат неговото постоење во земјата. Сепак, водечките меѓународни експерти го проценуваат бројот на американските нуклеарни бомби во Германија на неколку десетици единици. Во исто време, опозициските германски партии долги години бараат повлекување на американското нуклеарно оружје од земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.