Активистите го критикуваат Бајден за слаба одбрана на демократијата и други неуспеси

Организацијата за заштита на човековите права Human Rights Watch го критикуваше во четвртокот американскиот претседател Џо Бајден, како и другите западни челници, поради слаба одбрана на демократијата и неуспесите во соочувањата со климатската криза, пандемијата на Covid-19, сиромаштијата, нееднаквоста и расните неправди.

За разлика од поранешниот американски претседател Доналд Тремп, кого директорот на Human Rights Watch, Кенек Рот го опишуваше како „пријател на автократите“, неговиот демократски наследник Џо Бајден ја презема должноста во јануари 2020 година со ветувањата дека човековите права ќе ги стави во фокусот на својата надворешна политика.

„Но продолжи да им продава оружје на Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и на Израел и покрај нивната упорна репресија. Другите западни челници покажаа слична слабост во одбрана на демократијата“, напиша сега Рот во годишниот Светски извештај на Human Rights Watch именувајќи ги притоа францускиот претседател Емануел Макрон и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

Рот, исто така, наведува во извештајот објавен во четвртокот дека во текот на клучните самити „се чинеше дека Бајден го загубил гласот кога станува збор за јавното осудување на сериозните кршења на човековите права“.

„Американскиот Стејт депрармнет објавуваше повремени протести поради репресии во одредени земји, а во екстремни случаи администрацијата на Бакден воведуваше насочени санкции за некои одговорни функционери, но влијателниот глас на претседателот често изостануваше“, напиша уште Рот.

Американските функционери ја бранеа администрацијата на Бајден, велејќи дека дипломатите често им изнесувале загриженост за состојбата на човековите права на странските челници, вклучително и во „тешките разговори со противниците како што се Кина и Русија“.

„Доколку демократиите сакаат на надвладеат во глобалниот натпревар со автократијата, нивните челници мора да сторат повеќе од укажување на неизбежните недостатоци на автократите. Мораат да дадат посилен, позитивен аргумент за демократското владеење“, нагласува Рот.