Активни 12.893 случаи на Ковид-19

Откако во последните 24 часа во Македонија беа регистрирани 572 нови случаи на Ковид-19 и 30 починати пациенти, вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184.277, на починати 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893.

Поради лошата состојба со епидемијата Владата одлучи наместо до 14 септември, средношколците во Тетово и Гостивар да следат онлајн настава до 20 септември.

Според последните податоци на министерството за здравство, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2.728 граѓани, а вкупно се вакцинирале 15.424.

Со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.