Активни 17.800 случаи на коронавирус, бројот на починати достигна 1281

Во претходното деноноќие беа регистрирани 1168 нови случаи на коронавирусот од направени 3353 тестирања, 18 лица починати, а 692 оздравени.

Од 18-те починати, пет пациенти се од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84 г), двајца од Куманово (66 и 80 г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73 г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66 г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800.

Во Скопје најголем број од активните случаи-8254, потоа следи Тетово со 1051, Прилеп – 878, Куманово-821, Велес-742, Битола – 669, Струмица – 641, Гостивар – 526. Во другите градови се под 500.

Во Скопје најмногу активни случаи се во Аеродром – 1256, потоа Гази Баба – 1151, Карпош – 1070, Центар – 1028, Кисела Вода – 1021, Ѓорче Петров – 680, Чаир – 500, Бутел – 430. Во другите општини се под 150.

Во текот на претходното деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани биле 692 прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.