Активни 20.711 случаи на ковид-19, во Скопје 9.985

Вкупно 20.711 активни случаи на ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9.985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците располагаат со слободни кревети. За да се овозможат дополнителни простории за лекување на заболените, од понеделник на располагање ќе бидат ставени и дел од капацитетите и медицински екипи и од приватните болници.

Во претходното деноноќие се евидентирани 1.039 нови случаи на ковид-19 од направени 3143 тестирања. Има 998 оздравени пациенти, а починаа 15 лица.  24660
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 56164. Оздравени се 33892 лица, а битката со кронавирусот ја загубија 1561.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември регистрирани сe 7.486 позитивни случаи во 35 градови во државата. Заболени има во сите возрасни групи. Најзастапени се лицата над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата до девет години, и од 10 до 19 години.