Активни над 15 илјади случаи на короназарази, регистрирани 184 реинфекции

Бројот на активни случаи со Covid-19 во земјата изнесува 15.576, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата  достигна 243.284.

Во последното деноноќие се направени 7.564 тестирања, а регистрирани се 1.635 нови случаи на Covid-19. Од новодијагностицираните, во главниот град се 785, а следни со најмногу заразени се Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78 и Кичево – 47.

Како што соопшти ресорното министерство, од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 184 реинфекции.

Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти, а починале девет пациенти, сите во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Covid-19. Бројот на оздравени пациенти е 219.616, а на починати е 8.092.

Поради нагорната линија на позитивни лица со КОВИД-19, се очекуваат надлежните да соопштат дали на време ќе почне второто полугодие од учебната 2021/2022 година, на кој начин ќе се одвива наставата или ќе има одложување.

Брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот има речиси во сите држави, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.