Активни седум пожари, кај Будинарци се уште гори

Пожарот на местото наречено Бајаз Тепе сè уште е активен на потегот од селото Будинарци кон селото Разловци, но со намален интензитет, без појава на ветер и полесно може да се следи. На него дејствуваат веќе постоечките екипи од АРМ, ШС Равна река, ШС Малешево, ТППЕ Берово, ДЗС, РЦУК Берово, месно население, како и помош од Бугарија, Словенија и од Австрија. Хеликоптерите се постојано активни и канадерот од Романија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 15 часот.

Во објава на Фејсбук од ЦУК прецизираат дека на терен се 120 припадници на Армијата и вработени во шумските стопанства, пожарникари,  екипи од Бугарија со 20 пожарникари и 3 ПП возила, ПП екипа од Словенија со 45 лица и 17 возила, како и 60 луѓе од месното население.

– Според информациите добиени од РЦУК Берово и ТППЕ Берово пожарот кој зафати повеќе атари во Делчевско полека се става под контрола. Пожарот во моментов е активен кај селото Разловци место наречено Чокалица. ТППЕ Делчево се наоѓаат на терен и се во состојба да го контролираат пожарот. Според информацијата од ТППЕ Делчево дел од силите за гаснење по потреба се пренасочуваат кон покритичните места во Беровско – појаснуваат од ЦУК.

На овој терен, како што информираат интервенираат АРМ со 14-15 војници, ШС Голак Делчево со 15 вработени и 4 теренски возила, ТППЕ Делчево со 5 пожарникари и 1 ПП возило.

– Пожарот на потегот од село Криви Дол кон Кадрифаково е повторно активен и според информациите од терен се работи за опожарена сува трева и помала површина од борчиња. На терен се наоѓаат 2 ПП мв (цистерни), 1 ПП мв џип и 11 пожарникари од ТППЕ Штип, 2 ловочувари со 1 теренско возило и 2 од РЦУК Штип со џип Лада Нива. Гасењето го отежнува ветер од променлив правец, велат од ЦУК.

На терен интервенираат 11 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Штип, 2 ловочувари со теренско возило и 2 претставници од РЦУК Штип.

– Пожарот кај село Богословец, Општина Свети Николе во моментот е проширен и е активен во атар Криви Дол и село Кадрифаково. Пожарот се наоѓа на граница помеѓу Св. Николе и Штип. Гори нискостеблеста шума и сува трева. Во гасењето учествуваат од ТППЕ – 4 со 1 пп возило, 2 од ШС со 1 теренско возило, и 2 од ДЗС со 1 теренско возило. Се работи да се спречи навлегување на пожарот во боровата шума, прецизираат од ЦУК.

Од страна на Свети Николе интервенираат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Свети Николе, 2 ШС Свети Николе со 1 теренско возило, 2 ДЗС Свети Николе.

– Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во ниските предели е изгаснат, но во непристапните делови сè уште е активен. На терен се ТППЕ Прилеп со 9 пожарникари, Затвор Прилеп 12, ДЗС Прилеп и Битола 13, АРМ 20, Шумско Прилеп 6 и месно население 1 човек, велатод ЦУК.

Пожарот кај село Дамјан, потенцираат, е под контрола. Гори сува трева, нискостеблеста шума и дабова шума. Зафатена површина од окилу 100 ха (неофицијално). Екипите се на терен. Интервенираат ТППЕ Радовиш – 1 возило Лада Нива и 5 пожарникари, ЈП „Национални шуми“ ПШС „Плачковица“ – 27 луѓе,

4 теренски и 1ПП возило, 1 од РЦУК Радовиш, ЕЛС Конче-1 трактор со цистерна и 5 вработени, Боров дол-Бучим со 1 екипа 1 цистерна.

– Пожарот кај село Џидимирци е активен. Гори висока сува трева и дабова шума. Пожарот зафаќа фронт од околу 1,5 километар. Во гасењето учествуваат 4 луѓе со 1 теренско возило од ШС Бабуна-Велес и 5 пожарникари со едно пп возило. На самото место има и екипа од ШС Караџица-Скопје кои се дојдени од скопска страна, како и од ШС Велес со 4 вработени со 1 теренско возило и 5 пожарникари со 1 ПП возило, посочуваат од ЦУК.