Актуелниот директор на БЈБ сведочеше за собраниските настани од 27-ми април

Лица со фантомки се закануваа дека ќе бидеме ликвидирани, нé пцуеја и нé удираа со сé што ќе стигнеа, рече Сашо Тасевски, актуелен директор на Бирото за јавна бебенсот (БЈБ), кој во времето на случувањето во Собранието беше обезбедување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во сведочењето во петокот кое заврши десетина минути по 23 часот.

Тасевски на рочиштето за процесот „27 април“ во Кривичниот суд, рече дека напаѓачите извикувале дека ќе ги убијат, дека нема каде да одат и оти ќе биде прогласена воена состојба.

„Во прес-центарот на Собранието бевме напаѓани со шипки, со сталаци и други предмети. Некои од луѓето носеа и боксирачи. Тој период, не знам колку траеше, се додека не дојдоа од ЕБР и не не евакуираа во канцеларијата на пратеникот Влатко Ѓорчев, рече Тасевски, одговорајќи на парашање на обвинителката Вилма Русковска.

Тој кажа дека како последица на нападите врз него имал две расекотини на главата, му била изместена вилицата и имал модринки по телото.

На прашање на адвокатот Гоце Ристовски, сведокот рече дека имало десеттина лица со фантомки кои викале дека ќе ги ликвидираат. Адвокатот Звонко Давидовиќ го праша Тасевски, дали внатре видел специјалци, на што тој одговори дека униформирани лица видел надвор од Собранието. „ Во Собранието униформирани лица видов дури кога почнаа да не евакуираат“, рече Тасевски.

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд дека на 27 април пред да се случи упадот во законодавниот дом, Оливер Спасовски бил на средба со претседавачот Трајко Велјаноски во Собранието.

Кога Велјаноски го видел телохранителот на Спасовски, го прашал во кое својство е во Собранието.

„Јас му кажав дека сум личното обезбедување на Оливер Спасовски.. Во холот Велјаноски му се обрати на Оливер со прашање, зошто твоето обезбедување оди со тебе цело време? Не личи да оди по тебе”, рече Тасевски додавајќи дека Спасовски му одговорил дека тоа е според закон, а Тасевски излегол од Собранието.

Тасевски рече дека кога на радиостаница чул дека толпата ја преминала првата барикада им издал наредба на неговите двајца колеги тактички да се постават за да го заштитат Спасовски. Директорот на БЈБ во сведочењето сведочеше дека откако пред прес-салата се појавиле луѓе со качулки со извици дека ќе бидат сите убиени.

„Јас го извадив пиштолот и кажав – полиција за да не пристапуваат кон личноста која ја заштитувам“, рече Тасевски. Тој останал надвор пред прес-салата за да спречи да влезат луѓето внатре, па и тој бил напаѓан вербално и физички.

„Дојде началникот Оливер Поповски. Му објаснив дека ситуацијата е тензична. Толпата беше насрдена кон мене. Тој ми го даде беџот за да ме заштити и проба вербално да ги одврати напаѓачите“, рече Тасевски. Напаѓачите биле се’ побројни и одлучил да влезе во прес-салата. Следувало кршење на вратата од салата, а тој не успеал да ги спречи напаѓачите.

„Толпата влезе во салата. Почна мрачна атмосфера и физички да се пресметуваме. Началниците активно даваа отпор да се заштитат пратениците”, рече презиријаќио дека биле гаѓани со шипки, столчиња и разни предмети, а напаѓачите имале боксирачи со нив.

На прашање на обвинителката Вилма Русковска зошто решил да влезе во Собранието, Тасевски рече дека влегол за да биде во координација со началникот на вантрешното обезбедување, оти му рекле дека четири до пет полицајци го обезбедуваат Собранието. Рече, исто така, дека бил повреден, односно дека имал две расекотини на главата, му била изместена вилицата и имал модринки на телото.

Претходно, во Судот сведочеа Драган Крстевски од МВР, Владимир Стојков вработен во Собрание на РМ и Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи, а претпладнето сведочеа и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш и новинарка присутна во Собранието за време на случувањата. Следното рочиште за настаните од 27-ми април е закажано за 25-ти септември кога повторно треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од Обвинителството. Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.