Аква паркот почнува со работа викендов

Вип Аква паркот оваа сабота ќе биде отворен за посетителите, информираат од спортскиот центар „Борис Трајковски“

Шеста сезона по ред продолжува летната авантура во Аква паркот на бумерангот, мрзливата река, базенот со бранови каде ќе можат да уживаат малите и возрасните посетители.

Исто така, оваа година во Аква паркот има нова и модерна опрема, нов ентериер, тераса со удобни лежалки и три шанкови. Задолжени за добра забава на отворањето ќе бидат диџеите на Сити Радио, Диџеј Дела и Диџеј Боби заедно со Диџеј Ампов.

„Летото може да започне, Ве очекуваме!“- порачуваат од Спортски центар „Борис Трајковски“.