Акварел на Кандински продаден за над милон евра

49

Повеќе од 70 години недостапност за јавноста, сликата „Закривен врв“ на рускиот уметник Василиј Кандински е продадена на наддавање во Минхен за сума далеку повисока од проценетата.

Сликата е продадена за 1,25 милиони евра на наддавањето на аукциската куќа Ketterer. Пред почетокот на продажабата, стручњаците ја проценуваа на 300.000 евра.

Акварелот досега беше дел од приватна колекција во Германија. Поради својата строга геометриска композиција претставува една од најпродавните уметнички дела, наведува аукциската куќа.

Познато е дека акварелот бил изложуван ддека Кандински бил жив (1866 – 1944), меѓу другото во Берлина, Париз и Стокхолм. Последен пат, според познатите записи, бил дел од изложба приредена во 1932 година.

Според историчарите на уметноста, Кандински по таа изложба ја дал на трговец со уметнички дела кој ја продал 1949 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.