Ал Шабаб ја презема одговорноста за нападот во Могадишу, првпат се извини за цивилните жртви

Сомалиските исламисти од групацијата ал-Шабаб ја преземаа во понеделникот одговорноста за нападот со автомобил-бомба во саботата на контролен пункт во главниот град Могадишу во кој загинаа 81 лица, меѓу кои и најмалку двајца турски државјани.

„Муџахедините во саботата го изведоа нападот (…) врз конвојот на турските платеници и припадници на предавничката милиција кои ги придружувааа“, изјави портапролот на Ал-Шабаба, Али Мохамуд Раге, во аудио-порака испратена до медиумите.

Ал-Шабаб првпат се извини поради цивилните жртви во овој напад, кој го оправдува со неопходност од борба со сомалиската држава и нејзините сојузници во странство.

„Навистина жалиме поради загубите коишто ги трпи напето сомалиско исламско општество и им изразуваме сочувство на муслиманите кои го загубиче живото, кои се ранети или на кои им е уништена сопственоста“, додал портпаролот.

Рекол дека безбедносните служби ги запреле камионот-бомба на контрилниот пункт во моменто кога се движел кој конвојот, и значи дека загинувањето на толкав број цивили е „Божја волја“.

Групацијата ал-Шабаба вообичаено не ја презема одговорноста за нападите во кои страдаат голем број цивили, поради страв да не ја загуби поддршкката којашто ја ужива меѓу некои Сомалијци.
Во нападот од саботата загинаа 81 лица, 17 припадници на сомалиските сили, а меѓу цивилите се и 16 студенти кои во автобус биле во близина на местото на експлозијата.

Од 2015 година во Сомалија се изведен 13 напади во кои загинале најмалку 20 лица, покажуваат податоците на агенцијата AFP.

Исламистичката група ал-Шабаб (Движење на младите муџахедини), за која се претпоставува дека има меѓу 5 и 9.000 борци, владините сили со помош на странските сили ја потиснаа од сомалиската престолнина Могадишу во 2011 година, а следната 2012-та и од Кисмају. Сепак, припадниците на оваа групација која порано беше поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, а последните години одржува врски со џихадистите од Исламската држава, и натаму напааѓаат владини и странски цели во Сомалија. Напади извршуваат и во соседна Кенија, како одмазда поради тоа што војската на оваа земја учествува во мировната операција на Африканската унија (AMISOM) во Сомалија so 20.000 војници на страна на владата во Могадишу.