Алабама воведе хемиска кастрација за педофилите

Гувернерот на Алабама, Кеј Ајвеј, потпиша закон со кој се воведува задолжителна хемиска кастрација за осудени лица за силување на деца помлади од 13 години.

Со законот е предвидено дека осудениците мора да почнат со медицински третман еден месец пред да бидат осободени од затвор, а соодветни лекови ќе треба да земаат сè додека судот не одлучи да прстанат.

„Ова е важен чекор за заштитата на децата во Алабама“, изјави гувернерот по потпишувањето на законот, објави Би-Би-Си.

Осудените силувачи ќе мора сами да го платат третманот, кој подразбира пиење таблети или примање инјекции со хемиски супстанци кои го блокираат производството на тестостерон во телото.

Алабама е седмата американска сојузна држава која го воведе законот за хемиска кастрација на силувачи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.