И вечерва алармантна загаденост на воздухот во Скопје

Направените мерења за загаденоста на воздухот во попладневините часови во две населени места места во Скопје – Бардовци и „11 Октомври“, покажуваат висок степен на загаденост.

Така во 17 часот во Бардовци е измерено многу високо ниво на ПМ 10 честички во воздухот од 94 микрометри на метар кубен. Квалитетот на воздухот е исто така 94, што значи дека воздухот е многу загаден и треба да се затвораат прозорците, да се избенува активност на отворено и да се носи маска.

Исто така во 17 часот во „11 Октомври“ квалитетот на воздухот е 71 и важат истите препораки како и за Бардовци. Присуството на ПМ 10 честичките во воздухот е високо, односно 73 микрометри на метар кубен.

Според овие податоци, не е препорачано движење на отворено, а дома треба да се затвораат прозорците и вратите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.