Алармантно: Амазонската шума исчезнува со брзината од три фудбалски игралишта по минута

Размерите на исчезнување на Амазонската шума се толку големи што дури сега се смета дека се уништува површина повеќе од три фудбалски игралишта по минута. Тоа значи дека наскоро би можеле да дојдеме до точка по која Амазон повеќе не би можел да се обнови, пишува „Гардијан“.

Зголемениот пораст на сечење шума, кој се случи во мај и јуни оваа година, потврдува претседателот Жаир Болсонаро кој дал зелено светло за илегална експлоатација на сечење и спалување на околината.

Според информациите на сателитскиот систем Детер Б, кој започна со работа во 2015 година, во јули исечени се 1.345 километри квадратни бразилска амазаонска прашува, што е за третина повеќе отколку што било исечено во јуни, пренесува „Индекс“.

До крајот на овој месец , се претпоставува дека размерите на уништување на Амазон се толку големи со што ова ќе биде прв месец во последните неколку години во кој Бразил ја изгуби областа на прашума со големина колку Лондон, пренесува „Спутник“.

Постојаното намалување на прашумските подрачја, се заканува на глобалната стабилизација на климата. Ако се продолжи со ова темпо, пашумите би можеле да се претворат во савани, со што ќе се намали способноста на апсорбција на јаглерод, со што може да го забрза глобалното загревање.

Во првите седум месеци властите дадоа силна поддршка на земјоделските и рударските компании и со тоа се намали надлежноста на владините агенции одговорни за заштита на шумите и околината.

Со тоа Агенцијата за заштита на околината е ставена под надзор на Министерството за земјоделие, на чие чело се наоѓа водичот на земјоделското лоби.

Претседателот и другите министери во повеќе наврати ја критикуваат Агенцијата за надзор на шумите поради изрекување на парични казни за незаконско сечење на дрвата, а владата преземала конкретни чекори со цел да го заштити шумскиот резерват и автохтоните подрачја.