Алармантно: Пенисите се помали

100

За жал, немаме добри вести ниту за мажите, ниту за жените. Најновите истражувања покажуваат дека просечната должина на пенисот се’ повеќе се намалува.

Истражувањето спроведено во Универзитетската болница во Падова открива дека во последните 60 години просечната должина на пенисот се намалила за 10 отсто.

Нашите дедовци располагале со 9,7 сантиметри, додека нивните внуци може да се пофалат со само 8,9 сантиметри.

Судејќи според се’, ова претставува одговор на еволуцијата на современиот и нездрав стил на живот. Авторот на истражувањето професорт Карло Форест, како главна причина за наведува загадената животна средина и нејзиното влијание на лачењето на хормоните.

Во студијата учествувале 2.000 млади мажи на возраст од 19 години, а освен тоа што се покажало дека нивните пениси се пократки, заклучокот е дека рацете и нозете во просек им се подолги.

Дали овој факт би требало да не загрижи? Па, би рекле дека не! Големината во суштина и не е толку важна, новите истражувања потврдиле дека пократките пениси во сексуалните односи подобро функционираат.

Имено, голем број жени кои мечтаат за голем машки полов орган на крајот признале дека по сексот биле разочарани и дека покрај визуелното уживање не добиле ништо посебно интересно во споредба со помалите пениси. Всушност, најголем проблем со големината е погрешнот сфаќање на истата.

Докторите од американската клиника Мејо тврдат дека најголем број мажи кои сакаат да подлегнат на интервенција за зголемување на пенисот имаат просечна должина, но тоа не го сфаќаат. За да објаснат која должина на пенисот е во границите на „нормалната“ на клиниката Мејо ги навеле димензиите:

Просечната должина се движи во распон меѓу 7,6 до 10,2 сантиметри во опуштена состојба, а меѓу 12,7 и 17,8 сантиметри во ерекција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.