Алармантно повлечена водата во Мавровското езеро (ФОТО)

Состојбата со езерата во Македонија веќе извесен период е алармантна. Лошото управување со езерата е очигледно, а и власта не презема ништо во насока на нормализирање на водостојот.

Овие фотографии се од Мавровското Езеро се денешни, а на нив може да се забележи драстично намалување на нивото на езетото. Потопената црква „Свети Никола“, која некогаш била целосно под вода, сега е на суво тло.

Покрај Мавровското езеро и Дебарското и Козјак се сведени најниското можно ниво до сега, а риболовните друштва тврдат дека рибниот фонд е намален за повеќе од 90% и дека веќе нема ни риби во езерата.

Надлежните се правдаат дека недостигот од врнежи е главната причина за катастрофалната состојба на езерата, но сѐ повеќе личи дека лошото менаџирање и неконтролираното испуштање на водата на сметка на животната средина, што за произведување на струја, што без план, се клучни фактори за уништувањето на езерата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.