Алармантно: РЕК Битола нема јаглен ни за неколку дена

РЕК Битола нема јаглен ни за неколку дена, алармираат експертите, објавува Канал 5 ТВ.

Поранешниот директор на РЕК, Спиро Мавровски за Канал 5 вели дека грејна сезона не се започнува со помалку од 500 илјади тони јаглен, а во моментов на депонииите има само 40 илјади тони, што е карактеристочно за летните месеци. Според Мавровски состојбата е загрижувачка.

„Ако работат три блока тоа е јаглен за три дена. / Ако немаше 600 – 700 илјади тони на почеток на година и да немаме откривка на јаглен го рачунавме како голема загуба.“ изјави Спиро Мавровски, поранешен директор на производство во РЕК Битола

Дека земјава веќе е западната во тешка енергетска криза, алармира и Горѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика.

„Со двата блока или тоа би потрајало некое време, но моќноста е таа и може да идржи повеќе но е многу малку или недоволно електрична енергија што ја имаме од РЕК Битола.“ истакна Горѓи Манасков, Претседател на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија

ЕСМ се уште одлучува од која фирма и по која цена ќе купи 900 илјади тони јаглен. Очекувањата се да пристигне најбрзо во декември. Според двајцата експерти набавката е задоцнета, но и транспортот ќе оди тешко, бидејќи станува збор за голем број на камиони кои ќе треба да го качуват Плетвар во зимските месеци.

„Камо среќа да се среди се како што треба, да може да имаме сопствено производство што наскоро, но според состојба како што е гледаме дека ние се уште немаме можност да ги набавиме тие 900 илјади тони јаглен и мора веднаш да се организира тим да се фатат за работа и да се снајдат за јаглен.“ истакна Горѓи Манасков, Претседател на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија

„Знаеме дека во зима со прв снег сите камиони се исклчуваат на Плетвар, и не можат да поминат, многу пати со лесни возила сме останале, а не да носите 30 тонски камиони, тоа е невозможна мисија.“ изјави Спиро Мавровски, поранешен директор на РЕК Битола.

Покачување на сметките за струја за домаќинствата ќе биде неминовно по Нова година, но колкаво ќе биде ќе зависи од владините мерки. Експертите ги повикаа надлежните јавно да кажат каква е состојбата, и да излезат со конкретен план како земјава ќе се справува со кризата.

Последната набавка на струја ЕСМ ја направило на 4ти месецов. Од две фирми купени се 26 илјади мегавати за 5,5 милиони евра. Набавката е за до 20ти месецов.