Алармантно загаден воздух во цела држава

Во Скопје, но и низ цела Македонија синоќа воздухот беше екстремно загаден. Концентрациите на штетните и опасни ПМ10 честички беа неколку пати над дозволеното.

Најзагадено беше кај Ректорат, каде буквално не се дишеше.

Загадени беа и Лисиче, Центар и Карпош.

Загадено беше и во другите градови низ Македонија, па така во Тетово беа измерени 294 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, во Битола 229, Кичево 257, Струмица 485, Куманово 251, Кавадарци 263, Кочани 121.

 

Загадено е и утрово, а во 10 часот беа измерени 215 микрограма на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, 214 во Центар, 198 во Карпош, 196 кај Ректорат, 120 во Гази Баба, 90 во Миладиновци, 180 во Битола, 158 во Тетово, 187 во Струмица, 154 во Куманово, 94 во Кавадарци и 58 во Кочани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.