Алавес подобар од Еибар

Фудбалерите на Алавес во петокот вечерта пред своите навивачи го совладаа Еибар во првиот натпревар од 23-то коло на шпанското првенство.

Лукас Перез ги доведе во водство домашните во првата минута од второто полувреме а во 66 минута водството го удвои Оливер Бурке, додека за гостите намали Фабијан Орелана во 83 минута.

Алавес со 27 бодови привремено е на 13-то место, додека Еибар со 24 бодови е на 16-то место. На табелата води Реал Мадрид со 49 бодови, три повеќе од второпласираната Барселона, а третиот Хетафе и четврата Севилја имаат по 39 бодови.

Во сабота на распоредот се мечевите Леванте – Леганес, Хетафе – Валенсија, Вајадолид – Вилјареа и Атлетико Мадрид – Гранада. Неделната програма ја отвора дуелот Еспањол – Мајорка, а ја продолжуваат натпреварите Реал – Сосиедад, Осасуна – Реал Мадрид, Селта Виго – Севилја и Реал Бетис – Барселона.