Албанци и Македонци евакуирани од мигрантски камп во Гренобл кој се запалил

Попладнево избувна пожар на улицата дес Алие во ромскиот камп во Гренобл, во кој живеат и семејства од Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Париз.

За гаснење и спречување на ширењето на пожарот, кој е пријавен нешто по 15 часот, се мобилизираа повеќе пожарникари. Утврден е безбедносен периметар бидејќи пожарникарите стравуваат од експлозија поради присуство на плински боци. Засега сѐ уште не се познати причините за пожарот.

Во овој камп веќе неколку месеци живеат семејства на бездомници Албанци и Македонци. Тие чекаат да им се потврдат барањата за азил, во исклучително тешки услови за живот. Градското собрание формираше екипи за да се обиде да им помогне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.