Албанците бараат од Заев да ги ослободи осудените за Диво насеље и Смилковско езеро како што им ветил, тој им одговори „Сè ќе биде во ред“

На вчерашниот самит на лидерите на западен Балкан за „малиот Шенген“ во Тирана, освен српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се соочи со протести и македонскиот премиер Зоран Заев беше предупреден дека може да дојде до протести во неговата земја, пренесе синоќа белградската агенција „Танјуг“.

Група претставници на Албанци по потекло од Македонија го предупреди Заев дека Албанците би можеле да организираат протести во Македонија доколку не бидат исполнети нивните барања. Тие од Заев бараа да ги ослободи, како што рекоа, сите албански политички затвореници, потсетувајќи го премиерот дека тој тоа го ветил пред доаѓањето на власт.

Му порачаа на Заев дека вооружената акција „Диво насеље“ во Куманово била политички случај, како и оти убиството на петмина млади Македонци на Смилковското Езеро, во близина на Скопје, бил случај поради кој во затвор се наоѓаат невини Албанци.

Се разделија со прашањето – „мораме ли да организираме протести?“, на што Заев одговори – „не морате, се ќе биде во ред“, пишува „Танјуг“.

Извор: ММС.МК