Албанците, исто како и Македонците, ги боли криминалот, корупцијата, срамот и сиромаштијата

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во денешното свое гостување на телевизија Телма истакна дека гладен фокус во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е како да се направи функционална држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

-Еве кога имавме собир на граѓани во Тетово и во Гостивар, голем дел од Албанците кои беа присутни на тие собири дојдоа да се сликаат. Исто беше и во Крушево, дојдоа се сликаа со мене, го посетија настанот и аплаудираа затоа што луѓето повеќе не ги гледаат овие прашања како етничко или националистичко прашање. Ние не сакаме да звучиме така, ниту пак звучиме така. Во нашата кампања главен фокус е како да направиме функционална правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, истакна претседателот Мицкоски.

„Кога имавме собир на граѓани во Тетово и во Гостивар, голем дел од Албанците беа присутни на тие собири и дури голем број од тие Албанци кои што беа присутни на тие собири дојдоа со мене да се сликаат. Исто беше пример ќе ви кажам и во Крушево, имаше голем број на Албанци кои дојдоа се сликаа со мене, го посетија настанот, буквално аплаудираа. Затоа што луѓето повеќе не ги гледаат овие прашања како етнички или националистички. Ние не сакаме да звучиме така и ниту звучиме така“, појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вечерва гостуваше на емисија на телевизија Телма.

Мицкоски додаде дека во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ главен фокус е како да се направи функционално, правна држава, и бескомпромисна борба против криминалот.

„Обидот да се презентира едно општество за сите, заврши во моментот кога ја видовме Луј Витон чантата. Сфативме дека сите оние политички реторики, сите оние политики завршија спакувани во една чанта. И тука заврши таа приказна“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека сите граѓани без разлика на етничките разлики, без разлика на верските разлики сите буквално имаат ист проблем, нив не им е проблемот дали се Македонци, Албанци, Роми, Власи, Срби, Турци, Бошњаци. Сите граѓани во државата се горди на својата етничка припадност. Суштинскиот проблем е лошиот живот, економијата, корупцијата, срамот.

„Ние немаме намера на етничка мобилизација или пак на националистичка реторика“, нагласи Мицкоски.