Албанците ме сакаат веројатно поради изгледот

Дали ми приоѓаат и ме прегрнуваат Албанци, не треба да зборувам, само треба да го погледнете амбиентот околу мене, рече вечерва премиерот Зоран Заев на првото постбриселско интервју во земјава во емисијата 360 степени на Алсат, коментирајќи ја вчерашаната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан мицкоски дека Албанци во Гостивар му давале безрезевна поддршка.

Сите граѓани од сите етнички заедници покажуваат отвоерена љубов кон мене. Не знам дали е мојот пристап таков, дали е мојот наратив таков, дали ликот ми е таков, не знам зошто. Мицкоски веројатно не го препознава Таравари, Може тоа Таравари и тимот околу него да го гушка, за да го гушкаат Албанците, дај боже да го дочека тоа, треба да се покаже, да го постави својот наратив така и да се растовари од филозофијата на неговиот шеф „чиста македонија“, „Македонија на Македонците“. Од секогаш сме биле мултиетничка земја и така ќе останеме. Додека тоаа не го промени, моѓе да го користат неговите политички партнери на ниво на Гостивар. Веројатно не можел да го познае, или бил Таравари или неговиот шеф на Кабинет или некој од неговиот тим, рече Заев.

Тој рече дека е свесен дека има разочараност меѓу Македонците и Албанците од неговите политики, но им порача да не седат дома и да излезат на избори и да се борат за својата земја.