Албанец баран од Интерпол уапсен на Блаце

Државјанин на Албанија, баран со потерница од Интерпол, вчера е уапсен на граничниот премин Долно Блаце. По приведувањето лицето е предадено на службеници од полициската станица Чаир.

Според деталите од МВР:

На 04.09.2019 во 16.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен А.И.(36) од Република Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање на Интерпол. А.И. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.