Албанија бележи 752 новозаразени и уште 15 починати од коронавирусот

Во Албанија продолжува неколку седмици присутната неповолна епидемиолошка состојба со коронавирусот, каде што костантно процентот на новозаразени во просек е 30 отсто од тестираните.

Според министерството за здравство и социјална заштита опасниот вирус е дијагностициран кај 752 лица, од тестираните 2.620 сомнителн случаи што изнесува 29 отсто.

„Во изминатите 24 часа за жал битката со опасниот вирус ја изгубија 15 пациенти со што бројот на починати се зголеми на 951 лице. Во исто време оздравени се 545 или 23.072 од вкупно зарзените 45.188 лица. Во четирите ковид болници се хоспитализирани 454 паценти, 39 на интензивна терапија додека 13 се интубирани“, информираше министерството.

Во меѓувреме претседателката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата и заменик министерка за здравство Мира Ракацоли состојбата ја оцени како релативно стабилна.

„Оваа седмица е многу значајна за епидемиолошка оценка во однос на показателите. По процената што ќе ја направиме ќе се одлучи дали ќе има дополнителни ограничувачки мерки“, рече Ракацоли.

Според комитетот, четиринаесетдневната инциденца на заразата изнесува 350 случаи на 100.000 жители, што е „најниска бројка во регионот“. Највисока инциденца во земјата има во Тирана, Ѓирокастро и Лежа