Албанија доби нова пратка од вакцините на „Фајзер“

Албанскиот премиер Еди Рама, вечерва, на меѓународниот аеродром во Тирана, пред пристигнувањето на 7.020 вакцини од „Фајзер“, најави дека добил ветување со допис од друга држава дека во Албанија, во април ќе донесе 360.000 вакцини од „АстраЗенека“.

Дообјасни дека договорот не е потпишан, но се очекува наскоро да се сретнат со претставници на оваа држава на највиско ниво.

– Првично од „Фајзер“ приситигнаа 1.170 дози, вечерва 7.020 дози и според новиот распоред даден од компанијата, по блокадата низ цела Европа, ќе продолжиме во наредните недели, а потоа во март, април и мај сите договорени дози вакцини. Една пријателска земја потврди со допис дека ќе ни даде 360 илјади вакцини од „АстраЗенека“, а нивното пристигнување ќе биде во април. Нема да дадам детали додека не потпишеме договор, за да не се свати како изборна пропаганда – рече Рама, кој вакцините ги пречека со министерката за здравство Огерта Манастрлиу.

Според Рама, до крајот на месецов ќе приситигне и друга количина вакцини од „Фајзер“ или вкупно 40 илјади, по што ќе се почне со вакцинација и во Валона и Скадар, а потоа и во Елбасан и Фиер.

– Неделава, освен здравствените работници ќе почнеме вакцнација и меѓу постарата популација. Постојат сите причини да бидеме убедени дека имунизацијата против ковид-19 да ја звршиме за 14 месеци – посочи Рама.

Вакцинацијата во Албанија почна на 11 минатиот месец по добиената донација од 975 дози вакцини од, како што рече премиерот Еди Рама, пријателска земја која не сакала нејзиното име да биде јавно соопштено.