Албанија ги укинува царините за стоки со Македонија, Србија и Косово

Албанската Влада денеска одлучи да ги укине царините за стоки со потекло од Северна Македонија, Србија и од Косово, кои минуваат преку албанските гранични премини, пренесува Јуроњуз Албанија.

Како што се наведува во извештајот, оваа одлука е донесена врз основа на решеноста на земјата да учествува во иницијативата Отворен Балкан и одлучната помош што земјите-членки мора да си ја пружат меѓусебно во кризата на високите цени.

Се додава дека Албанија во оваа одлука го вклучила Косово, иако не е дел од Отворениот Балкан, врз основа на договорот за меѓусебно отстранување на царинските бариери.

Нема да се наплаќаат такси за паркирање возила, печатирање и мерење на стока, па трошокот за камион што ќе влезе со стока во Албанија ќе биде за околу 14 евра помалку од досега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.