Албанија го затвори граничниот премин со Црна Гора Сукобин-Муриќани

Албанија го затвори граничниот премин со Црна Гора кај Сукобин-Муриќани, рече Веско Дамјановиќ, помошник-директор на Секторот за гранична полиција.

Граничниот премин е затворен за моторни возила, додека на пешаците им е дозволено да поминуваат, изјави Дамјановиќ за ТВ Подгорица.

Дамјановиќ рече дека преминот е затворен засега на 72 часа.

Србија ги затвори граничните премини Јабука кај Плевла и Годово кај Рожаја вчера, објави Авто-мото сојузот на Црна Гора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.