Албанија: Позитивните на коронавирус нема да гласаат на изборите на 25 април

Претседателот на Централната изборна комисија(ЦИК) Илирјан Челибаши, гоствајќи во телевизиска емисија рече дека на парламентарните избори, што во Албанија ќе се одржат на 25 април, нема да гласаат сите заразени лица со Ковид-19, кои се во домашна изолација или се лекуваат во болница.

Пренесувајќи ја веста, порталот Албеу наведува дека доколку парламентарните избори се одржат денес, 33.946 албански граѓани со КОВИД-19 нема да го остварат своето право на глас.

-Тоа е утврдено со Изборниот законик. Ако гласате, ќе мора да одите на избирачкото место. Немаме систем за испраќање гласачки кутии дома, рече тој.

На прашањето дали посто можност да гласаат оние кои болнички се лекуваат, како што тоа се реализира со затворениците, Целибаши и ова го отфрла.

– Што се однесува до затворите и болниците, законот предвидува посебни гласачки места во затворите, но во случајот со состојбата со Ковид, проблемот не е толку едноставен, бидејќи имаме работа со опасен вирус и во секој случај, јас не сум експерт, рекол тој.

Запрашан за случајот на Косово, каде беа спроведени вонредни парламентарни избори, Челибаши вели дека тие го направиле затоа што го имаат решение во законот, со кое се дава можност да се однесе гласачка кутија на некој што е оневозможен да оди на гласачко место,но, додава дека не е запознат како тоа го примениле.

Според него тој што е заразен ќе го допре гласачкото ливче што потоа ќе го земе член од избирачкиот одбор, што значи ширење на заразата.

-Бројот на овие лица е значаен, но има некои работи што треба да ги балансираме. Оние кои се принудени да бидат ставени во карантин не треба да го напуштаат станот, бидејќи во спротивно го кршат законот, тие претставуваат ризик, смета Целибаши.

Посочува дека ЦИК не е во состојба да проверува кој е заразен а кој не е на гласачките места на денот на изборите, дека секој кој ќе се појави на гласачко место ќе гласа, затоа секој поединец треба да се повика на својата совест и да ги почитува законите а пред здравјето на другите.