Албанија: Урнат ресторанот во кој беа нападнати шпански туристи

243

Угостителскиот објект „Панорама“ во Порто Палермо, во близина на албанското приморско гратче Химара, чиј сопственик нападна шпански туристи, е урнат.

Одлука за тоа донесе Националниот инспекторат за заштита на територијата со образложение дека објкетот бил дивоградба и бесправно ја корисел плажата.

Сопственикот Михал Кокдима (55), кој по инцидентот се наоѓа во притвор, според албанските медуми, откако ја дознал веста е префрлен в болница поради доживеан нервен слом.

Објектот беше на три ката а целата површина што ја „запоседнал“ Кокдима изнесува две илјади квадратни метри а се наоѓа во една од најубавите зони на албанското крајбрежје. Ресторанот е изграден во 2012 година.

Инкау, инцидентот се случи на 15 август кога петчленото семејство на шпанскиот милионер Еугенио Галдон, локаланиот возач и водич, физички биле нападнати во ресторанот откако му се пожалиле на лошиот квалитет на храната. Фрлал и тврди предмети со кои ја напукнал шофершајбната, па кога тие заминувале се фрлил врз хаубата на која, според видеото кое екслузивно го пренесе ТВ Рапорт, се гледа и крв. Се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета со нив преку искршената шофершајбна.

Според Кокдима, кој е познат под псевдонимот „гладијатор“, тие немале трпение да почекаат малку додека се подготви нарачката, пушеле канабис и биле во алкохолизира состојба.

Семејството Галдон со сопствена јахта пристигнало во Саранда, ангажирало возило, возач и водич да ги прошетаат по јужниот дел од албанското крајбрежје.

Уште истот ден нив ги посети и министерот за туризам Бленди Кљоси, а премиерот Еди Рама го осуди однесувањето на сопственикот, кого го нарече варварин, кој ја засрамил целата нација, бидејќи го прекршил „светиот код на албанското гостопримство“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.