Албанија во понеделник без возила за заштеда на гориво, се разгледува и опцијата работа од дома

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека понеделник ќе биде „ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“.

Ја најави и опцијата работа од дома, како во времето на карантинот поради пандемијата на Covid-19, што „е добра можност за штедење на нафта“.

„Агенцијата за енергетика го потврди она што го кажувавме, а тоа е дека проблемот во оваа ситуација не е колку очигледен. Додека разговараме за цените, ризикот е недостигот. Да не ги прифаќаш фактите и да зборуваш како да си во нормална реалност е многу голем проблем,“ истакна Рама, индирекно обраќајќи и се на опозицијата и организаторите на протестите што ги одржуваат поради поскапувањата.

Додаде дека владата ќе заседава и ќе донесе одлука околу опцијата за работа од дома и оти засега за неработен го прогласила понеделник (21-ви март) што значи се спојува со вторник кога Бекташите го одбележуваат празникот Султан Неврус, а во Албанија е неработен ден.

Рама препорача и утрешниот ден да биде без автомобили, а зошто не и вторник, „што значи три дена без автомобили и заштеда на гориво“.

„Тоа е реалната состојба. Растот на цената е неминовен, како и во другите земји“, додаде албанскиот премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.