Албанија и Црна Гора ги поддржаа новите санкции на ЕУ кон Русија

Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Црна Гора се придружија на новите санкции што Европската унија ги воведе против руски и украински политичари и две кримски компании, коишто Западот ги смета за виновни за дестабилизирање на ситуацијата во Украина и поткопувањето на нејзиниот територијален интегритет, се вели во соопштението на надворешно политичкиот оддел на ЕУ објавено денеска.

Во соопштението се истакнува дека Црна Гора и Исланд се придружени на европските санкции како земји кандидатки за членство во ЕУ, за Албанија како потенцијален кандидат за започнување преговори за членство и за Лихтенштајн и Норвешка како членки на Европската економска зона и Европската асоцијација за слободна трговија.

И претходно овие земји се приклучија на индивидуалните санкции на ЕУ донесени на 17-ти март, а кои беа проширени на 21-ви март. На тоа ниво земјите најавија спроведување рестриктивни мерки во согласност со одлуките на Европската унија од 28-ми април и 12-ти мај.

Со првата одлука на Советот на Европа со санкциите беа опфатени 15 лица. Со втората, пак, на листата беа додадени уште 13 личности, руски функционери и бизнисмени, како и лица од Крим и источна Украина, на кои, слично како и санкциите на САД, им се замрзнуваат имотите и им се забранува патување во земјите ЕУ. Покрај тоа, ЕУ ја прошири и законската рамка за санкциите и ги замрзна активите на две компании од Севастопол и Крим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.