Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година

Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година, најави албанскиот министер за туризам и животна средина Бленди Клоси.

Според него, овој чекор на Владата е со цел да се намали загаденоста на воздухот во земјата, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Мерката е во интерес на граѓаните, бидејќи старите автомобили се еден од главните загадувачи. Затоа ќе го забраниме увозот на автомобили постари од десет години од денот на прозводството. На автомобилите прозведени пред 2009 година нема да им се дозволи влез во Албанија. Ова се прави заради почиста животна средина и намалување на загадениот воздух. Еден стар автомобил троши четирипати повеќе споредено со нов автомобил. Тоа не е во интерес на граѓаните, а секако влијае и на загадувањето на околината, изјави Клоси.