Албанија нема пари за амбасадите во БиХ, Црна Гора и Хрватска?

Албанија планира да ги затвори амбасадите во БиХ, Црна Гора и Хрватска поради немање пари во буџетот за дипломатско-конзуларни претставништва, објавија медиумите во Тирана.

„Со оваа одлука, Албанците во Црна Гора ќе останат без поддршка воопшто. Амбасадор во Црна Гора е Тонин Беци. Според пописот од 2011 година, Црна Гора има 620.029 жители од кои 30 илјади дсе Албанци,“ пишуваат албанските медиуми.

„Министерството за надоворешни работи сака да ја информира јавноста за некои гласишта објавени во медиумите за можни затворања на одредени амбасади. Министерството не донело никаква одлука која ќе доведе до затворање на амбасадите,“ се вели во соопштението на Министерството.

При објавување на информациите за затворање на амбасадите, медиумите се повикаа не неименувани извори од албанската Влада.