Албанија: Уништени 4.000 стебла марихуана

Откриени се вкупно 147 стебла марихуана

Уништени 4.000 стебла марихуана во Албанија. Полицијата од северниот албански град Скадар, открила 46 парцели на која биле засадени споменатите 4.000 стебла марихуана.

Полицијата соопшти дека во рамките на интензивните контроли на повеќе делови од околијата Скадар откриените парцели биле во селата Бен и Дришт. Поголемиот број од парцелите или 41 се откриени во селото Бен додека останатите пет парцели со над 520 стебла во селото Дришт. Стеблата марихуана, кои биле во различна висина се уништени, а полицијата трага по лицата кои ги засадиле, јави дописникот на МИА.

Инаку, во изминатите два месеца откако полицијата ја почна широката операција уништени се над 40 илјади стебла марихуана, во речиси сите делови на земјата.

Лазарат – „Фабрика за марихуана“ во Албанија

Најпознатото место во Албанија каде речиси целосно населението се занимава со одгледување и продажба на марихуана кон крајот на минатиот месец беше целосно под опсада. Сите приоди до селото Лазарат беа под целосна контрола на полицијата, а за 21 лице беше распишана потерница.

Лазарат – „Фабрика за марихуана“ во Албанија
Лазарат – „Фабрика за марихуана“ во Албанија

Албанската полиција тогаш испрати повеќе од 400 припадници на специјалните сили РЕНЕА и локалната полиција во селото Лазарат во рамки на акцијата за апсење на осомничените за нападот на полицајците.

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Самир Тахири изјави дека операцијата е извршена во координација со Обвинителството за тешки кривични дела, дека е транспарентна и согласно законот.

Селото Лазарат,во близина на Ѓирокастро, е познато како „фабрика за производство на марихуана“.

Главна земјоделска дејност на населението е одгледување марихуана. Во текот на минатогодишната операција на полицијата беа уништени 23 тони канабис и околу 81.300 стебла марихуана и расад од ова растение. При претресот беа пронајдени и четири лаборатории од кои две за преработка и пакуваање на билки и две за преработка на хашиш.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.