Албанија упати протестно писмо до Србија

Албанското министерство за надворешни работи му врачило протестно писмо на амбасадорот на Србија во Тирана, Мирољуб Зариќ поради неодамнешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу двете репрезентаци.

Зариќ рекол дека речникот во писмото е многу остар. Во исто време, на својата веб страна албанското министерство за надворешни работи објавило дека министерството остро ги отфрла политичките клевети упатени од српските политичари кон албанскиот народ и Албанија воопшто. Според министерството изјавите на челниците на српската политика се во спротивност со основната етика на дипломатските односи, воздржаноста и почитувањето на двете суверени држави.