Албанската мафија, најстрашна во светот

Германската јавна телевизија ZDF, како дел од серијата документарци за криминалните банди ширум светот, подготви репортажа и за албанските банди под наслов „Албанската мафија е една од најстрашните криминални организации во светот!“.

„Репортажата трае 43 минути а може да се гледа само во Германија. Новинарот Давид Бериjаин престојувал во Албанија за да одблиску се запознае со структурите на овие криминални организиации, кои, како што наведува, своите корени ги наоѓаат во традиционалните верувања и следат код на чест и крвна одмазда“, наведува тиранската телевизија Top Chanel.

Во документарецот, новинарот разговара со неколку маскирани лица, кои не откриваат многу детали за организациите на кои им припаѓаат.

Репортажата ZDF ја заокружува со констатација дека „албанската мафија е најстрашна во светот. Оружје, трговија со луѓе и дрога се дел од нивните најпрофитабилните деловни области“.

И британски Daily Miror во серијата написи посветени на албанската мафија наодамна објави дека таа ја презела контролата над пазарот на кокаин во Велика Британија, кој се проценува на околу пет милијарди фунти.

Познатиот истражувач Мохамед Касим од Универзитетот во Лидс Бекет и експерт од областа на криминалот за весникот изјавил дека „Албанците имаат сериозна репутација и оти тие не размислуваат двапати за да употребат сила“.

„Албанците обезбедија сериозна репутација, и никој не се обидува да им се спротивстави. Тие не размислуваат двапати за да употребат сила. Имаме млади Албанци кои едноставно доаѓаат да заработат пари од пазарот на дрога. Некои од нив имаат големи вили и друг имот во Албанија“, рекол Касим.