Албанската опозиција најавува најмасовен протест во Тирана

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија (PD), Сали Бериша, најави дека протестот закажан за в сабота во 12 часот ќе биде најмасовен досега.

„Ќе биде најмасовен, величествен, невиден до сега. Граѓаните гледаат дека имаат работа со еден крајно нескротлив криминалец (Еди Рама), крајно опасен за државата и општеството и мора што поскоро да го отстраниме“, изјавил Бериша кого го цитира OraNews.

Прашан дали протестот што се одржува во ист ден кога судот одлучува кој ќе биде наследник на PD, неговото крило или она на Енкелед Алибеај, тој со одговор дека „утрешниот протест нема врска со одлуката на судот”.

„Нема врска. Во никој случај не можам да прејудицирам одлука која нема ни правен основ да прогласи странка која не е странка (во случајот). Немам причина да се мешам во одлуката на судот. Тоа го направат со моќна интервенција Еди Рама, Ерион Велиај (градоначалник на Тирана) и Јури Ким (амбасадорката на САД)“, обвинува Беришај.

Запрашан беше и за тоа на кого се однесува изјавата на Рама од собраниската говорница дека многу брзо ќе има уште една „непожелна личност“.

„Што ќе каже, не ми е важно. Овде ми е важно да ви кажам дека тоа што Еди Рама им го направи на САД може да го направи само (белорускиот претседател Александр) Лукашенко или (рускиот претседател Владимир) Путин, дури и (српскиот претседател Александар) Вучиќ би се плашел да го направи. Се гледаме утре“, изјави Бериша.

Премиерот Еди Рама, претходно, од собраниската говорница ја иронизира опозицијата во врска со нејзиниот утрешен протест.

Рече дека можат колку сакаат да ”кажуваат дека е исплашен и вознемирен и дека не се откажуваат од имагинарни револуции, но нема да можат да се соочат со него”.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека со цел гарантирање на редот и безбедноста пред, за и по протестот, кој ќе се одржи на плоштадот ” Народни херои” ги презела сите неопходи мерки.