Албанската полиција нуди награда од 100.000 евра за информација за нападот врз Top Channel

Албанската полиција ги повика граѓаните да достават информации поврзани со пукањето врз телевизијата Top Channel во Тирана, при што беше убиен 60-годишниот чувар, Пал Кола.

„Полицијата нуди награда од 100.000 евра за секоја вредна информација која би довела до откривање на сторителите“, јави Top Channel.

Управата на полицијата во Тирана објави детали од истрагата за случајот.

Според официјалните информации од албанската полиција, констатирани се оштетувања на фасадата на зградата во која е сместена телевизијата Top Channel, како и на два автомобила паркирани во дворот на објектот.

Возилото на сторителите беше снимено од безбедносните камери во околината, а е пронајдено запалено во близина на Голем, во кое биле и три автоматски пушки.