Албанската полиција уапси Косовец и заплени арсенал оружје

Албанската полиција го зајакна присуството на границата со Грција
Албанската полиција го зајакна присуството на границата со Грција

Полицијата од албанскиот град Елбасан попладнево уапси косовски државјанин откако во неговиот автомобил пронашла арсенал оружје, како и експлозив.

-Уапсено е лицето И.А.(51) жител на Подуево, Косово во обид да шверцува оружје и екслозив кои ги набавувал во Србија и други земји, по што ги транспортирал во Косово со крајна дестинација Албанија. Запленети се 19 пиштоли од различен калибар, 400 куршуми и 1,6 килограми експлозив ТНТ, стои во полициското соопштение.

Косовецот бил запрен на патот Елбасан-Пеќин и при контролата на возилото оружјето и експлозивот биле откриени во посебни места, кај моторот, багажникот, вратите.

Акцијата следувала по добиени информации по оперативен пат за можен обид за шверц на оружје и муниција.

Пред два дена полицијата во пристанишниот град Драч заплени муниција од различен калибар. Уапси двајца жители од градот Фиер при обид да ја прошверцуваат за Италија. Муницијата била открена во нивните патни торби при влез во траектот кој сообраќа на релација Драч-Бари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.