Албанската полиција заплени околу 18 тони марихуана

 

Албанската полиција во големата операција притив трговијата со дроги во петокот запленила околу 18 тони мархуана, подготвена за транспорт и притоа се уапсени 12 лица, од кои двајца полициски службеници, соопшти министерството за внатрешни работи.

Во селото Лакандут, близу приморскиот град Валона, во акцијата во која биле вклучени и прпадници на едницата за брзи интервенци, открени и запленети се 15,3 тони марихуана.

„Во акцијата, со која раководеше генералниот директор на полицијата Хаки Чако, упсени се 12 лица, меѓу нив и двајца полициски работници. Во дворот на куќата на полициски инспектор, кој е уапсен заедно со неговиот брат, откриена е парцела со 270 стебла марихуана. Пресирана дрога во соодветни вреќи и во форма на чоколада или над 15 тони отркиени се во куќа, каде се одземени и пет автоматски пушки“, се наведува во соопштението.

Попладнето во петокот се запленети 600 клограми мархуана во селото Дитрас и уапсени се две лица, 700 килограми кај Каваја, додека 1,3 тони кај местото познато како „Плажата на генералот“ кај Валона, која била подготвена за транспорт кон италијанскиот брег со моторен чамец, при што уапсени се три лица, едно од нив полциски службеник.

Истовремено полицијата потпомогната од нивните италијански колеги од копно и од воздух спроведува акција на откривање парцели засадени со мархуана.

Полициската статистика потврдува дека минатата година се уништен 2,5 милиони стебла мархуана и заплнети над 30 тони мархуана.

Албанскиот премиер Еди Рама деновиве вети уништување на одгледувањето на канабис до крајот на годинава.

„Ако се држиме строго до националниот антиканабис план, ќе успееме да ставиме крај на историјата со одгледувањето канабис до крајот на оваа година“, рече Рама на средба со полициските раководители.

Притоа повика на „нулта толеранција“ и кон полицајци кои биле вклучени во нелегални активности или се двоумат да ја извршат работната обврска кога ќе добијат информации за одгледување или криумчарење на канабис.