Албански граѓанин уапсен во Охрид – нелегално ја поминал нашата граница

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 10:00 часот во Охрид од полициски службеници бил лишен од слобода 40-годишниот Е.Д. од Република Албанија, поради нелегален премин на државната граница.

По извршените проверки било утврдено дека има и активна забрана за влез во Р.С.Македонија. Лицето е предадено на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.