Албански медиуми: Голематa вистината е откриена, Албанците во Македонија се 47 отсто, апсолутно мнозинство

3232

„Шокантно, голематa вистината е откриена: Албанците во Македонија се 47 отсто, апсолутно мнозинство!“. Преку текст насловен вака, албанските медиуми пишуваат дека конечно била откриена големата вистина за бројот на Албанци во Македонија, пренесува Курир,мк

„Конечно се открива голема вистина, Албанците во Македонија не само што не се втори по бројот на жители, туку се број еден, 47% од населението се Албанци, речиси апсолутно мнозинство! Од сега па натаму, секој треба да каже дека Албанците се мнозинство во Македонија, дека според новите податоци излегува дека оние кои се сметаат себеси за Славо Македонци не се ниту 40%. Иако податоците за малцинствата не се точни, тие се помалку од 15% од вкупното население. Информациите со особена важност доаѓаат од публицистот и интелектуалецот од Македонија, Нијази Мухамеди, кој оваа публикација ја изјави јавно на телевизиски медиум што се однесува на извори на меѓународни институции“, пишуваат албанските медиуми.

„Според информациите добиени минатата недела од страна на меѓународната институција, Албанците во Македонија се 47 % од вкупното население во Македонија, вели Нијази Мухамеди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.