Албански медиуми: Тиранската платформа ја загрозува унитарноста на Македонија

162

Претседателот на Законодавниот комитет на Конгресот, републиканецот Боб Гудлејт, предводи делегација од 15 членови за итна мисија во Грција, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, Косово и Италија, каде што евиденциите покажуваат дека фаворизирањето на времето на претходниот претседател на САД, Барак Обама, продолжува на штета на граѓаните, локалните институции и регионалната стабилност, пренесува албански Телеграф, во врска со текстот во The American Spectator.

Делегацијата на Конгресот (позната и како Цодел) тргна во саботата за спроведување десетдневна истрага за време на одморот на Конгресот. Некои од вработените за комуникации на Комитетот одбија да коментираат, од сигурносни причини.

Иако шест од девет членови кои патуваат се републиканци, опфаќајќи ги и конзервативците како Стив Кинг (ИА), Том Марино (ПА) и Џејсон Смит (МО), природата на патувањето надвор од земјата ја прави делегацијата да биде зависна од Стејт департментот, во овој случај амбасадорите од секоја земја се назначени од администрацијата на Барак Обама, кои продолжуваат да ги остваруваат наследените политики. Тешко е да се замисли дека делегацијата ќе обезбеди непристрасни информации од амбасадорите кои многу влијаеле на локалните политики, според битните заедници во секоја земја.
Јавниот Обвинител против Амбасадата на САД во Тирана

Ова година се појави една лоша или несакана интервенција меѓу Основното јавно обвинителство на Албанија (независна национална институција) и американскиот амбасадор Доналд Лу.

„Премиерот Еди Рама, поддржан од страна на амбасадорот на САД, ја уништи независноста на нашето судство”, рекла една обвинителка од Тирана за The American Spectator. „Под знамето на судските реформи, тие успеваат да го политизираат тоа“, додале

Еди Рама, дамнешен лидер на Социјалистичката партија, е близок пријател на Џорџ Сорос, чија мрежа е длабоко присутна во Албанија, соработувајќи со Амбасадата на САД во повеќе проекти, вклучувајќи го и проектот од 8,8 милиони долари на УСАИД … веруваме сфаќате оти станува збор за проектот Реформи во судството, појаснува соговорничката.

„Кога изразивме стручни мислења, различни од тие на Амбасадата на САД, стручни мислења на различни начини, (американскиот амбасадор) Лу беше многу лут”, изјавила обвинителка која сакала да остане анонимна.
Политичката криза во Македонија

Незадоволен од менаџирањето на својата земја, Еди Рама се префрли во соседна Македонија, притоа провоцирајќи со еден длабок и агресивен став за да им помогне на колегите социјалисти и на муслиманите Албанци, пишува весникот.

Американската амбасада во Скопје силно го поддржува СДСМ во Македонија, исто како и социјалистите во Албанија. Рама ги свика на еден состанок лидерите на албанските политички партии во Македонија (околу 15-20 отсто во Македонија се етнички Албанци) и ја создадоа таканаречената „Тиранска платформа“, еден ризичен и сепаратистички документ којшто ја загрозува унитарноста на Македонија.

И овие албански партии подоцна влегуваат во коалиција со македонските социјалисти и се обидуваат да состават нова Влада – против конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ, која и во актуелната криза ја менаџираше најуспешната економија на слободниот пазар на Балканот.

Македонците масовно во целата држава протестираат против „Тиранската платформа“ и против амбасадорот Џес Бејли. Во меѓувреме ситуацијата ескалираше и внатре во Собранието. И повторно мнозинството локални функционери имаат различни предности од американската амбасада. Македонците со векови страдале од своите соседи. Тие особено се загрижени за безбедноста, а американските НВО ги хранат со пари за активирање и мобилизирање.

Како што пишуваше американско-македонскиот лидер, Бил Николов кон крајот на април: „Американскиот Стејт Департмент и американската амбасада… се мешаат во внатрешните работи на Македонија и направија вистински хаос со напади врз македонскиот идентитет и територијалниот интегритет на земјата“. Николов го замолу претседателот Трамп да ја смени курсот во малата земја, северно од Грција.

Добра работа

Во глобала, амбасадорите од времето на Обама успеваа да ги потхрануваат етничките тензии (особено во Македонија и Босна), промовирајќи политички фаворити, воглавно социјалисти и членови од мрежата на Сорос (Албанија,Грција, Македонија) а имаат створено и официјални непријатели кои чуствуваат дека знаат што е подобро за нивните земји Албанија, Босна, Косово, Македонија). Државниот секретар Рекс Тилерсон изјави минатата недела дека САД нема да имаат повеќе мандат за да ги присилуваат другите земји за да се прилагодат на вредностите на САД. Нашите амбасади на Балканот на јасен начин го немаат примано меморандумот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.